Осум сообраќајки вчера во Скопје, повредени девет лица
Три лица се тешко повредени во три од вкупно осум евидентирани сообраќајни несреќи во изминатите 24 часа во Скопје. Во четири од сообраќајките со полесни повреди се здобиле шест лица, а во една е предизвикана материјална штета.
Како што информираа за МИА од СВР - Скопје, во текот на изминатиот ден сообраќајната полиција санкционирала двајца возачи кои возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, четворица не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, седум не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци, а 17 возачи биле без возачка дозвола, односно со нерегистрирано возило.
Затекнати се и 37 непрописно паркирани возила и 16 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор.
Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 67 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.
Во рамките на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници со ученици од второ и четврто одделение во ОУ и во ПОУ „Гоце Делчев“ во општина Аеродром.
Во Спортскиот центар „Јане Сандански“ попладне со почеток во 17:45 часот во рамки на СЕХА-лигата ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу РК Вардар и РК Горење Велење. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, како и на овие вонредни настани, од сообраќајната полиција ќе бидат превземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.
Ново на Сител
-
Возач бегајќи од полицијата се забил во продавница во трговски центар во Тексас, ранил петмина и бил застрелан
-
ФФМ избра нов претседател
-
УХМР: Студен бран со врнежи од дожд и снег
-
Водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и може непречено да се користи
-
Путин: Русија е подготвена да ги нормализира односите со САД, но не на сметка на руските интереси
-
Дурмиши: Не треба да се укине „недела неработен ден“, но некои дејности треба да се ослободат
-
Вонредно изборно собрание на ФФМ, Омерагиќ единствен кандидат
-
Хеликоптер на брза помош се урна во Турција, при што загинаа четири лица