Свет
4. July 2017 - 10:45

Осум работници загинаа во експлозија во фабрика во Бангладеш

Најмалку осум работници загинаа, а уште 50 други лица се повредени, при експлозија во фабрика за текстил во Бангладеш.

Меѓу повредените има и луѓе кои во моментот на експлозијата минувале покрај фабриката.

Делови од објектот се целосно уништени од силната експлозија, соопшти локалната противпожарна служба.

Причините за експлозијата засега не се познати.

Текстилната индустрија во Бангладеш е позната по лошите услови за работа.