Loading Video...
Свет
30. March 2021 - 12:20

Осум од десет Грци ќе се вакцинираат против Ковид-19

Осум од десет Грци ќе ја примат вакцината против Ковид-19, а шест од десет сакаат колку е можно побргу да се вакцинираат, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење за грчката телевизија Скај.

Во однос на ситуацијата со пандемијата во Грција, 59 проценти од анкетираните изразуваат загриженост за новите мутации, а со оглед на тоа дека земјата од 7 ноември 2020 година е во карантин, 35 отсто сметаат дека потребно е веднаш да се олабават мерките, додека пак 34 проценти одговориле дека најдобро е да има мало продолжување на рестрикциите.