Осум лица повредени во 17 сообраќајки за едно деноноќие во Скопје
Пешак е тешко повреден, а седум лица се здобиле со полесни повреди во пет од 17-те евидентирани сообраќајки во Скопје во изминатите 24 часа. Останатите 12 сообраќајки се со последица материјална штета.
Сообраќајката во која е повреден пешакот се случила во 16 часот и 45 минути на крстосницата од улиците „Павел Шатев“, „Свети Наум Охридски“ и „447“, а учествувало патничко моторно возило „хонда“.
Во останатите четири сообраќајки полесно се повредени четворица возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници и возач на мопед.
Сообраќајната полиција вчера открила и санкционирала осум возачи кои возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, 13 не почитувале ограничување на брзината на движење, четворица не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, а осум возачи зборувале на мобиле при возење.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 57 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Во организација на Град Скопје денеска од 11:40 до 12:30 часот пред Триумфалната порта ќе се одржи предновогодишна програма – пристигнување на Дедо Мраз, а по повод дочекот на Новата 2016 година централната прослава ќе се одржи на плоштадот „Македонија“ со почеток во 21 часот.
Со цел безбедно и непречено одвивање на овие манифестации од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба сообраќајот ќе биде пренасочен на дел од ул. „11 Октомври“ и ул. „Димитрие Чупоски“ и тоа на потегот од крстосницата од ул. „11 Октомври“ со бул. „Кочо Рацин“ до крстосницата од ул. „Димитрие Чупоски“ со ул. „Даме Груев“ пред ТЦ „Палома Бјанка“.
Ново на Сител
-
Детектор: Средна оценка 2.5 за владеењето на правото во Македонија
-
Нема партиски вработувања, ниту на министерот Меџити му се одземени ингеренциите, вели премиерот
-
Без вода утре дел од Центар
-
Мицкоски: Мора да се кажува вистината за Македонија и да градиме сојузништво
-
Божиновска: Завршува ерата на неточни броила, опремата за проверка на струјомерите веднаш да биде на располагање на граѓаните
-
Бејрут: Десетици илјади луѓе на погребот на убиениот лидер на Хезболах Хасан Насрала
-
Загадувањето на воздухот во Холандија ја надминува дозволената граница на СЗО
-
Oд средината на март од Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час