Осудените од "27 април" во судница пред Апелационен суд
16 осудени за собраниските настани од "27 април" се повторно во судница. По 14 месеци минати во затвор, денеска се во судница пред Апелациониот суд кој треба да ги разгледа нивните жалби за изречените затворски казни.
Јавната седница е предвидено да трае до петок, се чита дел од пресудата која е напишана на повеќе од илјада страници, по што жалбите ќе ги образложат обвинетите и нивните адвокати.
За случувањата од 27 април, осудени се 16 лица за сторено кривично дело терористичко загрозување на Уставниот поредок и безбедноста.
Вкупната затворска казна е 211 години, највисоката од 18 години ја доби поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков. За овој случај, со закон за амнестија беа ослободени 15 лица меѓу кои пратеници и организаторите на протестите "За заедничка Македонија".
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Повисоки плати и за медицинскиот персонал - Буџетот се полни добро
-
Запрена постапката за Универзална
-
Нова најава за гасификација, но без детали
-
Наредната недела почнува вакцинацијата против грип
-
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ прифати укинување на балансерот додека беше на власт
-
Љутков: Нелегално примопредавање на Универзална од Град Скопје на Министерството за култура
-
Заклетва на нова класа питомци во армијата
-
Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче