Осудени членови на Самоопределување за напад врз косовското Собрание
- Четворица активисти на косовското опозициско движење Самоопределување денеска беа осудени на затворски казни поради напад со рачни бомби врз зградата на Собранието на Косово, на 4 август минатата година.
Осудениот Фрашер Красничи, кој во моментов е пратеник, доби најголема затворска казна од осум години, додека Аде Арифи беше осуден на шест години, Егзон Халити на пет и пол, а Адеа Батупа на две години затвор.
За време на судењето пред зградата на судот избија судири меѓу косовската полиција и дел од активистите на Самоопределување.
На почетокот на процесот, четворицата осомничени изјавија дека се невини, наведувајќи дека обвиненијата против нив имаат политички мотиви.
Минатогодишниот напад се случи за време на опозициските протести против договорот за демаркација на границата со Црна Гора.
Ново на Сител
-
Можни ли се поплави во Македонија како во Босна и Херцеговина?
-
Партиски препукувања додека струмичани немаат вода за пиење
-
Тема на денот со Владимир Божиновски, политички аналитичар
-
Клиниките ќе се спојуваат во 2026, Таравари ќе враќа лекари од приватното во државното здравство
-
Бела ноќ со француската атракција групата „Кидам“ со уличниот спектакл „Сонот на Еребер“
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ