Остин: Севернокорејските војници наскоро ќе се вклучат во војната во Украина
– САД очекуваат илјадници севернокорејски војници стационирани во Русија наскоро да тргнат во битка против Украина, изјави американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин.
Тој додаде дека најверојатно околу 10,000 севернокорејски војници се стационирани во рускиот пограничен регион Курск каде минуваат низ процес на „интеграција во руските единици“.
- Судејќи според тоа за што тренираа и начинот на кој се интегрираат во руските единици, целосно очекувам наскоро да ги видам во акција, посочи Остин за време на посетата на Фиџи.
Остин наведе дека досега не видел „сериозни податоци“ за активно учество на севернокорејските војници во борбите.
Пред два дена јужнокорејските владини претставници изјавија дека Русија за Пјонгјанг обезбедила нафта, ракетни одбранбени системи и економска помош во замена за севернокорејските војници.
Киев предупреди дека Москва собрала армија од 50,000 војници, вклучително и севернокорејски војници, кои имаат задача да ги вратат деловите од пограничниот регион заземени од украинските воени сили.
Украина, во молскавична офанзива во август, презеде контрола над дел од Курската област.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии
-
Инциденцата и преваленцата на малигни заболувања кај пациентите од истокот е во пораст
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартува инвестиција на „Шахтерм“ - Турска фабрика за греачи за бела техника