Остин: Севернокорејските војници наскоро ќе се вклучат во војната во Украина
– САД очекуваат илјадници севернокорејски војници стационирани во Русија наскоро да тргнат во битка против Украина, изјави американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин.
Тој додаде дека најверојатно околу 10,000 севернокорејски војници се стационирани во рускиот пограничен регион Курск каде минуваат низ процес на „интеграција во руските единици“.
- Судејќи според тоа за што тренираа и начинот на кој се интегрираат во руските единици, целосно очекувам наскоро да ги видам во акција, посочи Остин за време на посетата на Фиџи.
Остин наведе дека досега не видел „сериозни податоци“ за активно учество на севернокорејските војници во борбите.
Пред два дена јужнокорејските владини претставници изјавија дека Русија за Пјонгјанг обезбедила нафта, ракетни одбранбени системи и економска помош во замена за севернокорејските војници.
Киев предупреди дека Москва собрала армија од 50,000 војници, вклучително и севернокорејски војници, кои имаат задача да ги вратат деловите од пограничниот регион заземени од украинските воени сили.
Украина, во молскавична офанзива во август, презеде контрола над дел од Курската област.
Ново на Сител
-
Во Франција почнува судењето на хирургот обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Изминатата недела санкционирани 150 непрописно паркирани возила во општина Центар
-
Голема „Македонска вечер“ во Хамбург за собирање средства за изградба на Црковен храм | ВИДЕО
-
Кај струмичанец пронајдени 672 парчиња брендирана роба без документација, против него ќе биде поднесена пријава
-
Изгореа хаварисани возила во кругот на струмичката болница
-
„Конклава“ најдобар филм на БАФТА наградите
-
Заедничка превентивна акција на МВР и општините Кисела Вода и Центар | ФОТО
-
Земјотреси од 5,1 степен во близина на Санторини - за 19 дена над 19.200 потреси