Македонија
1. November 2021 - 12:21

Оставката на Заев се најде на насловните страници на светските медиуми

Оставката на Заев главна тема во светските  и медиумите од регионот.. По поразот на СДСМ на локалните избори,  медиумите  од соседството вчера ги објавија првичните реакции.

Заев поднесе оставка, ВМРО ДПМНЕ бара вонредни избори-пренесува РТС.

Грчки Катимерини  изборите ги опиша како „тежок пораз за Заев“. Пишуваат дека премиерот се повлекува и од функцијата премиер, но и од функцијата лидер на СДСМ.

Ројтерс  пренесува дека премиерот на Северна Македонија Зоран Заев во неделата поднесе оставка откако неговата партија загуби во вториот круг од изборите за градоначалници во неколку градови во земјата, вклучувајќи го и главниот град Скопје.

Euronews информира дека Премиерот на Северна Македонија ја објави својата оставка по тешкиот пораз на неговиот владејачки Социјалдемократски сојуз на локалните избори во земјата,

Одлуката Заев  на Северна Македонија да поднесе оставка следи по неколкумесечната намале популарност на премиерот додека се бореше да ја одждри економијата и тоа во време на пандемија и заглавените разговори за евроинтеграциите, пренесува А Франс 24.