-->
-->
Оставка на Здравко Мамиќ
-->

Извршниот претседател на Фудбалскиот клуб Динамо од Загреб, Здравко Мамиќ поднесе оставка на својата функција. Мамиќ ова го објави на прес-конференција, откако Хрватската канцеларија за сузбување на корупција и организиран криминал (УСКОК), пред неколку денови покрена нова истрага против него.
УСКОК води истрага против Здравко Мамиќ, кој двапати беше во притвор, а поради истрагата против него и неговиот син Марио, им се блокирани сите сметки.
„Од денеска повеќе не сум извршен директор на Динамо. Сакам Динамо, во кој јас се колнев толку години, непречено да се движи во иднината. Од денеска ќе бидам советник на клубот. Доколку некому му биде потребна помош, јас ќе бидам тука. Мора да знаете само едно, кога во 2000 година дојдов во Динамо, тој беше фудбалски клуб само поради името.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Обвинителството бара забрана насилниците да се приближуваат на 12-годишната жртва на насилството во Аеродром
-

Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта
-

Ограбен сеф во банка кој го имала закупено 61-годишна жена
-

Во мај 340 одобренија за градење, 229 се за високоградба, предвидени 840 станови
-

Седум лица уапсени - вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Уапсени три лица за експлозиите во Солун во кои загина едно лице
-

Безбеден град се воведува и во Дебар
-

Општина Струга подготвува Градска плажа
