Остануваат најтешките теми, се разговара за временската рамка

Временската рамка и чекорите како да се имплеменира евентуалниот договор за спорот со името кој го има Грција со Република Македонија се новите моменти во преговорите кои вчера ги продолжија министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас во Охрид.
Двајцата се согласија дека е постигнат напредок за дел од прашањата кои се веќе созреани, како и дека за дел се уште постојат разлики.
- Разговаравме без надмудрување, со разбирање на потребите на другиот. Како да ги ставиме настрана главните грижи на двете страни, рече шефот на македонската дипломатија.
Во рамките на вчерашните преговори се одржа и средба на работните групи на двете министерства, на ниво на високи дипломати, кои врз основа на напредокот од разговорте во Виена го усогласуваат текстот за идната соработка во различни области. Дипломатите работат и на текст за спречување на иреднетизмот од двете страни и на делови од преамбулата на евентуалниот договор.
Коѕијас, од своја страна, потврди дека е направен напредок и на ниво на министри и на ниво на работни групи.
- Има напредок. Остануваат помалку теми за решавање, но тоа се најтешките. Денеска направивме позитивен чекор и се надеваме дека ќе направиме тешките проблеми да станат полесни. Се обидуваме да решаваме проблеми предизвикани во минатото и од други, рече Коѕијас/
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајка во Словенија, тројца Македонци загинаа
-

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош
-

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се искачи на 111, над 176.000 лица се раселени
-

Бела куќа: САД и Иран во моментот не преговараат за прекин на војната
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
