Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
Без врзан потпис, министерот за финансии Бесими потпишал околу 3,000 согласности за вработување, обвинува дополнителнатата заменичка за финансии од редовите на ВМРО ДПМНЕ. За време на функционирање на техничка Влада, постои законска обврска при потпишување решенија за вработување, договори на дело, авторски договори и унапредување да бидат со 2 потписи – нејзиниот и на министерот. Затоа поднела инцијатива до Вишиот Управен суд, кој наложил ДИК да се изјасни што со овие вработувања.
- Станува збор за 36 вработени во министерството за финании, на определно враме, 2 на неопределно и три унапредувања во МФ, како и согласности за вработување на 1.200 лица на неопределно време, 448 на определено, 1.227 за договори на дело и 99 лица за унапредување, изјави Елена Петрова, дополнителна заменичка за финансии од ВМРО ДПМНЕ.
Според Петрова, вработувањата без врзан потпис отвараат сомнеж за предизборно влијание врз тие лица , односно за собирање политички поени. Сега Државната изборна комисија треба да го разгледа секој предмет поединечно и да донесе одлука – дали овие лица ќе останат на работа, будејќи донесените акти без врзан потпис немаат правно дејство. Предметите се веќе пристигнатите во ДИК, потврдија од таму, но без конкретен одговор дали и кога ќе се одлучува по нив.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар