-->
-->
Осомничениот за масовното пукање во Мејн пронајден мртов
-->
Осомничениот за масовното пукање во американската сојузна држава Мејн, во кое беа убиени 18 лица, е пронајден мртов, потврди гувернерката на државата Мејн, Џенет Милс.
Потрагата по мажот траеше повеќе од два дена. Осомничениот е идентификуван како Роберт Кард, 40-годишен резервист.
Тој со полуавтоматско оружје нападнал луѓе во ресторан и куглана вечерта на 25 октомври во градот Левистон. Во престрелката имало 13 повредени. Според локалните медиуми, Кард најверојатно имал психички проблеми.
Неговото тело е пронајдено во градот Лизбон во реон на објект за рециклирање отпад каде што работел. Кард ја носел истата облека што ја носел за време на нападот. Тој изврши самоубиство, изјави Мајкл Сашак, началник на Одделот за јавна безбедност во Мејн.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години
-
Гробница првпат отворена по 2500 години, презентирани вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион
-
„Фолксваген“ повлече над 114.000 возила во САД
-
Силен земјотрес регистриран во Чиле
-
Министерство за енергетика: Распределбата на ваучери се одвива според предвидената динамика
-
Американците гуглаат како да заминат од земјата по победата на Трамп
-
Исчезната жена во Скопје, семејството моли за помош
-
Австрија ја прогласи целата земја за ризична област поради појава на птичји грип