Основците и средношколците од утре во училиште
Утре почнува второто полугодие од учебната 2018/2019 година за сите ученици од јавните и приватните основни и средни училишта во сите општини во Република Македонија.
Како што соопшти денеска Министерството за образование и наука, одлуката за почеток на второто полугодие е според препораките на Интерсекторската работна група за следење на состојбата со квалитетот на амбиенталниот воздух.
Од утре престануваат да важат и мерките и препораките за заштита од загадувањето што ги воведе завчера Владата, бидејќи концентрациите на ПМ10 честичките се под дефинираниот праг на алармирање.
-Согласно податоците од ДАМСКВ на ден 21.01.2019, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 188 микрограми на метар кубен и епизодата од два последователни дена е прекината во Скопје на мерните места Центар, Карпош и Ректорат, Миладиновци, Битола на мерните места Битола 1 и Битола 2, Гостивар и Тетово, информираат од Владата на Република Македонија.
Град Скопје информира дека денеска од 18 часот се укинува бесплатниот јавен превоз по добиените информации од Министерството за животна средина и просторно планирање дека среднодневните концентрации на ПМ10 честички во воздухот се под дефинираниот праг на алармирање од 200 микрограми на метар кубен и оти епизодата со зголемено загадување во текот на два последователни дена е прекината.
Ново на Сител
-
МОН и УЈП ќе ја унапредуваат финансиската едукација во основните и средните училишта
-
Зголемување од шест осто на бројот на патници на Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид
-
Мукаетов на конференцијата „Предизвикот на промените“ во Ровињ: „Континуираниот раст е возможен само кога целиме надвор од границите“
-
ЕУ ја одобри втората транша средства во рамките на Инструментот за реформи и раст
-
Најмалку три лица загинаа при експлозија во станбена зграда во Букурешт
-
Галески: Отворено писмо до нашата генерација и изборот пред кој седиме
-
Орбан веќе разговарал со Трамп, за денеска се очекува и разговор со Путин за нивната средба во Будимпешта
-
МВР во недела ќе користи дронови за безбедно одржување на изборите