Осмоодделенец им се заканувал на соученици со лажен пиштол во Чачак

Еден од учениците од осмо одделение дошол во училиштето со лажен пиштол и им се заканувал на децата имитирајќи пукање во основното училиште во село Прељина во Чачак
„Момчето со години ги малтретира другите ученици. Во повеќето случаи децата се плашат од него и не смеат ниту да го пријават ниту да сведочат. Тој беше санкциониран со намалена оценка во владеењето, но тоа не влијаело и нема да го засега. Загрижена сум за своето дете и секој ден со страв го праќам на училиште“, вели загрижена мајка за РИНА.
Откако се случил овој инцидент, дежурниот полицаец веднаш реагирал и му го одзел лажниот пиштол на момчето, а потоа во училиштето дошла полициската патрола.
Директорот на училиштето Радојло Чоловиќ според тамошните медиуми не сакал да го коментира случајот.
„Не даваме изјави за такви работи. Тоа е интерна процедура на училиштето, вие немате врска со тоа. Се најдобро“, кратко изјавил Чоловиќ.
Инцидентот се случил во петокот, истиот ден кога едно девојче внело нож во друго основно училиште во Чачак.
Ново на Сител
-

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија
-

Путин ја обвини Украина дека ги минира мировните преговори
-

Елиминиран освојувачот на Купот Вардар - полуфинале за второлигашите Охрид и Шкендија Арачиново
-

Еден тон марихуана запленет во складиште на „Грин лајф“, една од шесте фирми на кои им е одземена лиценцата
-

Жителите на Старо Нагоричане се вознемирени поради можноста во нивната околина да постои сериски убиец
-

Пронајдена угината женка на загрозениот Балкански рис на патот Охрид – Ресен
-

Прилепчанец фалсификувал свидетелство за да може да полага возачки испит
-

Забрана за електронски цигари во затворен простор, одложена примената на законот за пушење на тераси
