Осми ден граѓански протести во Мјанмар
Противниците на воената хунта што го изврши државниот удар во Мјанмар денеска ги продолжија своите демонстрации, осми ден по ред, додека армијата продолжува да ги приведува демонстрантите револтирани од апсењето на легално избраната премиерка Аунг Сан Су Чи.
Илјадници луѓе се собраа на улиците на главниот град Нејпјидо, деловниот центар Јангон, Мандалај и други градови на досега најмасовни демонстрации.
Незадоволните граѓани носеа транспаренти на кои, меѓу другото, пишуваше „Престанете да киднапирате луѓе во текот на ноќта“.
Канцеларијата на ОН за човекови права соопшти дека од 1 февруари досега неосновано се уапсени повеќе од 350 лица, вклучително и официјални лица, активисти и свештеници.
Воените власти не одговорија на апелите да ги објаснат основите за бројните апсења, додека Здружението за помош на политички затвореници изрази загриженост.
Војската тврди дека изборната победа на партијата Национална лига предводена од Аунг Сан Су Чи е резултат на измама, но изборната комисија на Мјанмар ги отфрли овие обвинувања.
Советот за човекови права на ОН вчера усвои резолуција со која се повикува воената хунта да ја ослободи Су Чи и другите официјални лица и да запре со примена на сила против демонстрантите.
Специјалниот истражувач на ОН за човекови права во Мјанмар, Томас Ендрус на специјалната седница на Советот во Женева изјави дека Советот за безбедност на ОН треба да размисли за воведување санкции и ембарго за увоз на оружје за Мјанмар.
Ново на Сител
-
Собранието ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили
-
Прва седница на Уставен без Дуковска, засега не се знае кој ќе ги превземе нејзините предмети
-
Сиљановска утре ќе го соопшти името на кандидатот за нов гувернер
-
Царина откри измами при увоз на половни возила
-
СДСМ: Нов скандал со дипломи на повидок, дали Јанев е незаконски назначен на чело на БЈБ?
-
Преглед на вестите од светот
-
Лосон: Договорот за стратешко партнерство ќе ги унапреди односите во сите сфери
-
Демолирано училиште во Битола со камења вандали искршиле прозорци и смарт табла - Единствена во градот