Македонија
18. May 2022 - 16:32

Османи задоволен од извештајот за напредокот кој денеска е пред Европскиот парламент

Министерот Осамни е задоволен од нацрт резолуцијата за Македонија, иако експертската јавност вчера предупреди дека во текстот кој денеска ке се најде пред Европскиот парламент се одобрува бугарското вето. Иако во Извештајот се препорачува брз старт на преговорите, во исто време процесот се врзува со решавање на билатералните прашања мегу Бугарија и Македонија. Османи вели дека македонската дипломатија активно лобира кај европските пратеници да не попуштаат на бугарските притисоци за вметнување на точките кои се спорни.

Во документот се апелира до земјите членки да ја земат предвид  стабилноста и мирот во регионот и во таа насока да покажат единство и дадат зелено светло за Македонија и Албанија. Но, во исто време, на мала врата се внесуваат билатералните прашања со Бугарија како услов во процесот на пристапување. Така во ставот 75 Бугарија и Северна Македонија се охрабруваат да го забрзаат спроведувањето на Догворот за пријателство и доброседство преку решавање на билатералните прашања содржани во мерките 4+1 , кои треба да бидат имплементирани и разрешени во текот на процесот на интеграција во ЕУ, а воедно се бара од комисијата за историски образовни прашања да продолжи со работата. Вметнат е и амандман во кој се констатира дека во Македонија постои дискриминација на граѓаните со бугарско потекло.  Невладиниот сектор вчера со отворено писмо им порача на европратениците дека со усвојување на овој текст ќе го легитимираат ултиматумот кој Бугарија и го наметна на Македонија притоа користејќи го како алатка во пристапниот процес во ЕУ.