-->
-->
Османи: вработените во МНР ќе користат електрични тротинети
-->
Вработените во Министерството за надворешни работи (МНР) ќе користат електрични тротинети, како пример за одговорно однесување кон животната средина и проблемот со аерозагадувањето. Според министерот за надворешни работи Бујар Османи, со вакви примери помагаат на околината и на природата.
Тој денеска на својот фејсбук профил напиша дека практичноста од употребата на ваков тип на превозни средства се добива со едноставен преглед на локациите на државните институции, при што, според него, веднаш се забележува дека во дијаметар од 1-2 километри се наоѓаат 90 проценти од нив кои секојдневно се упатени на соработка, состаноци и координации.
-Зелена дипломатија – новото нормално. За вакви секојдневни кратки дестинации, треба да се обидеме, колку можеме повеќе и колку ни дозволуваат околностите, да се користи велосипед, електричен тротинет, пишува Османи на ФБ.
Тој додаде дека преку вакви примери, си помагаме себе си, ќе им ослободиме простор на другите, ќе ѝ помогнеме на околината и на природата, за да имаме почиста животна средина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија