Османи во Брисел на состанок со министрите за надворешни работи на ЕУ
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Брисел ќе учествува на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ, на кој се поканети и шефовите на дипломатиите од западнобалканските земји.
Стратешката дискусија за интеграцијата на државите од Западен Балкан и руската агресија врз Украина ќе бидат двете централни теми за кои ќе се разговара на овој состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ.
– Советот прво ќе одржи стратешка дискусија за Западен Балкан, особено околу ангажманот на ЕУ за ублажување на влијанието на руската агресија врз Украина, а последователно министрите за надворешни работи на државите од ЕУ ќе имаат дискусија со министрите за надворешни работи на државите од Западен Балкан, информираат од Министерството за надворешни работи.
На маргини на состанокот, министерот Османи ќе оствари средби со генералната секретарка на Европската комисија, Илзе Јухансоне, како и со други високи претставници во Европскиот совет.
Ново на Сител
-

Работниците им го блокираат патот на пратениците до Собранието
-

Владата со одлука - да се проверат на сите фирми кои имаат лиценци за производство на канабис
-

Филипче: Акцијата на власата е дефокус од прашањето како 5 тони дрога поминале низ граница
-

Стручна конференција:Триесет години од атентатот врз Киро Глигоров
-

Охридскиот студентски дом два дена без струја
-

О. Карбинци бара „Safe city“ камери поради црната сообраќајна статистика
-

Преглед на вестите од светот
-

Законот за високо образование „под лупа“, професорите и студентите со сериозни забелешки
