Османи во Берлин на средба со британскиот министер за Европа Лео Доерти
– Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Берлин, на маргините на состанокот на шефовите на дипломатиите во рамки на Берлинскиот процес, имаше билатерална средба со државниот министер за Европа во британското Министерство за надворешни работи Лео Доерти.
Заеднички беа поздравени силните економски односи меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство, кое е наш втор најголем трговски партнер и еден од најголемите странски директни инвеститори во нашата земја, особено интензивирани со потпишувањето на билатералната Спогодба за трговија, партнерство и соработка, соопшти МНР.
Османи го брифираше Доерти за отпочнатите преговори со Европската Унија и идните чекори, ставајќи акцент на високата подготвеност на земјата за успешен и брз преговарачки процес. Министрите изразија задоволство од историскиот чекор со кој Република Северна Македонија ги започна преговорите, изразувајќи надеж за успешни преговори со цел полноправно членство во Унијата.
– Османи и Доери разговара и за улогата и значењето на новата Европска политичка заедница, што претставува добар одговор на геополитичката закана од руската агресија врз Украина. Изразувајќи задоволство од одржаниот прв состанок во Прага, министрите се согласија дека новата политичка заедница не е замена за политиките на ЕУ, вклучувајќи го тука и процесот на проширување кој не е загрозен.
Двајцата соговорници се осврнаа и на актуелните политички состојби во земјите од Западен Балкан и улогата на Обединетото Кралство во овој контекст. Османи информираше и за подлабоката улога на земјава во регионалните политики, како и за подготовките за претстојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, се вели во соопштението од МНР
Ново на Сител
-
Родителите на загинатите во Пулс: Почивај во мир, Панчо, пренеси им поздрав и порака на нашите ангели
-
Македонија и Словачка потпишаа Меморандум за економска соработка
-
Кумановец измамен за над еден милион денари при купување градежни машини
-
Приведен гостиварец кој управувал возило под дејство на алкохол и предивикал сообраќајна незгода
-
Во септември за 93 лица кривични за дела поврзани со недозволена трговија со дрога, запленети над 38 кг марихуана
-
83-годишник од струмичко со мотоцикл паднал на коловозот и тешко се повредил
-
Железничката станица нема да биде турбофолк-хаб и рекламно пано, Ивановски најави реконструкција
-
19-годишник од Скопје во период од 18 дена украл велосипеди и електрични тротинети во вредност од 170.000 денари