Македонија
8. December 2019 - 16:29

Османи: Венецијанската Комисија не е супермаркет - измените ќе го нарушат меѓуетничкиот баланс

Не се потребни измени на законот за јазици, забелешките од Венецијанската комисија треба да се преточат во акциски планови со кои ќе се зајакнат капацитетите на институциите за да ја применат двојазичноста, смета вицепремиерот Бујар Османи. Ако законски измени има тогаш неопходно е во нив да се вметнат и двојазичните пари и униформи за кои Комисијата дала позитивно мислење, вели вицепремиерот.

Евентуалните интервенции во законот без согласност на албанскиот фактор или пак, одлука на Уставниот суд за овој закон Османи го смета за враќање на состојбите во македонско-алабанските односи пред Рамковниот договор од 2001 година.

Од коалициската СДСМ велат дека ќе се произнесат откако ќе го види официјалното мислење на Венецијанската комисија, но дека неговата имплементацијата не е брз процес.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат законот е резултат на пазарењето на Заев и СДСМ да ја одржат власта.

Венецијанската комисија в понеделник треба да излезе со официјалното конечно мислење за законот за јазици. Во соопштението по повод мислењето, странските експерти најавија забелешки во однос на употребата на алабнскиот ајзик во судските постапки и казнените одредби.