Османи утре на средба со Могерини во Брисел
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи утре во Брисел ќе има средба со високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателката на Европската комисија Федерика Могерини.
Како што соопшти Секретаријатот, Османи во рамки на посетата ќе го презентира напредокот во имплементацијата на Планот 3-6-9, како и напредокот во отстранувањето на останатите политички пречки на евроинтегративниот пат на Македонија.
Средбата Османи - Могерини се одржува во пресрет на 17 април, кога Македонија треба да го добие Извештајот од Европската комисија за состојбите и напредокот.
Османи во Брисел ќе оствари средби и со други високи претставници на ЕУ меѓу кои и директорката на одделот за Западен Балкан во рамките на Директоратот за проширување Геновева Руиз Калавера и холандскиот европратеник Ханс Ван Баален кој ја предводи групата „Пријатели на Македонија” во Европскиот парламент.
Ново на Сител
-
Гаши: Нема проблеми во владината коалиција
-
Левица поднесе интерпелација за Коцевски
-
Прес конференција Европски фронт
-
Прес конференција земјоделство
-
Прес конференција мин. економија
-
Огромен интересот кај младите за мерката самовработување
-
Од 1 јули движење во шумските подрачја само со дозвола
-
Економистите очекуваат раст на цените во иднина