Османи: Убеден сум дека добиваме датум за започнување преговори
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска искажа увереност дека Република Северна Македонија на 17 октомври ќе добие датум за почнување преговори со Европската унија.
-Јас мислам да. Еве можеби првпат вака оптимистички ќе кажам дека мислам дека оваа година ние почнуваме преговори, рече Османи во интервју за ТВ Канал 5.
Тој ја сподели својата дилема во јавноста дали предлогот ќе биде декември 2019 година за започнување на првата меѓувладина конференција или јануари, кога технички ќе биде спремен процесот.
-Но убеден сум дека добиваме датум за започнување преговори, рече Османи.
Според вицепремиерот Османи, по Германија и од Франција се очекуваат позитивни информации за ставот за наше отпочнување на преговори со ЕУ.
-Реално јас работам како работата да е веќе завршена затоа што атмосферата е таква. Информациите од земјите – членки се такви и дека и Франција ќе одговори позитивно на аргументите коишто ги дадовме како држава во целиот овој период и во смисла на затворање на политичките прашања и резултатите во смисла на реформите коишто ги направивме. Атмосферата во овој Секретаријат е веќе работна. После 17 октомври кога ќе се финализира одлуката започнуваме веднаш со подготовка на билатералниот скрининг. Германскиот Бундестаг, се разбира, даде силна порака кон останатите земји-членки, но мислам и дека Франција е на иста линија заедно со другите држави дека Република Северна Македонија е најдобрата земја преку која може да се даде порака до другите како треба да се однесува една земја европски, рече Османи.
Ново на Сител
-

Утре нов протест за дислокација на Усје, од цементарницата тврдат дека работат според Закон
-

Матичните гинеколози бараат од МЗ и ФЗО јасно дефинирање на услугите за пациентките кои ги покрива државата
-

Кратењето на буџетот за ретки болести може да го загрози животот на пациентите
-

Преглед на вестите од светот
-

Трендафилов: Нека се подготват за блокади идната недела
-

Околу 80 талентирани ученици од Струмица ќе бидат стипендирани во наредните девет месеци
-

Брана „Калиманци“ речиси полна, „Гратче“ на прелив
-

Преглед на вестите од светот

