Османи: Спорот со името ќе биде решен наскоро
Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи смета дека разликите околу името со Грција ќе бидат решени наскоро.
Тој во емисијата „Патот кон“ на телевизијата Алсат-М, тврди и дека Македонија може да избегне референдум благодарение на решение кое би произлегло од промената на името на аеродромот „Александар Велики“ и на останатите стратешки точки кои досега Грција ги сметала за иредентистички.
- Ви гарантирам дека доколку продолжиме да ги реализираме реформите со оваа динамика, да го затвориме прашањето на името ќе добиеме уште поголема поддршка од граѓаните бидејќи граѓаните бараат - Македонија во НАТО и во ЕУ, изјави Османи.
Запрашан како ќе се затвори прашањето на името, и дали тоа ќе биде со референдум, вицепремиерот Османи рече дека локалните избори биле референдум.
- На овие избори ние го најавивме решавањето на името... Граѓаните ни ја дадоа пораката, вие сте храбри, имате јасна визија каде треба да ја водите државата во наредните години, посочи вицепремиерот Бујар Османи.
Ново на Сител
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година
-
Таравари: Владата ќе биде договорена до петок
-
Османи во Стразбур лобира за прием на Косово во Советот на Европа
-
Синдикатот на болницата во Лешок се противи на обидот министерството да ги спои со клиниката во Тетово
-
ДСЗИ повторно ќе оди во вонредна контрола на Токсикологија