Османи: Со швајцарски искуства до ефикасна примена на законот за јазиците

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска имаше средба со заменик државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Швајцарија, Кристина Марти Ланг.
На средбата се разговараше за билатералната соработка меѓу двете земји, особено континуираната финансиска поддршка од страна на Швајцарија, како една од првите и најдолгорочните земји донатори во развојот и напредокот на Република Македонија, соопшти СЕП.
- Швајцарија претставува една од најважните земји – пријатели на Македонија, чија финансиска поддршка датира уште од 1992 година, додека политичката поддршка, веројатно уште порано, истакна Османи на средбата, пренесувајќи ја притоа, покрај личната, и благодарноста од страна на Владата за искрената и континуирана поддршка.
Османи укажал дека покрај поддршката, Швајцарија претставува и значајна политичка и општествена инспирација за Република Македонија, како позитивен пример за функционално мултикултурното општество, додавајќи дека швајцарските искуствата во организацијата и примената на мултијазичното општество ќе претставуваат значаен инпут за поефикасна имплементација и на новиот закон за употреба на јазиците во Република Македонија.
Вицепремиерот Османи ги пренесе и впечатоците на Владата од новата Стратегијата на Европската Комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан до 2025 година.
- Добивме прецизна валоризација на напредокот во приближувањето кон Европската Унија, што ќе претставува значаен поттик за одржување на фокусот на државата кон европската и евроатланската перспектива, истакна Османи. Додаде дека Стратегијата претставува еден од клучните документи со кои се зацврсти европската ориентација на целиот регион на Западниот Балкан, нешто што се очекува буквално да биде зацементирано на историскиот Самит за проширување, во Софија во мај, се вели во соопштението од СЕП.
Ново на Сител
-

Мицкоски: По две години успеваме да го консолидираме и земјоделството каде што наследивме катастрофа
-

Путин му го честиташе на Трамп Денот на независноста
-

Пожарот во Пробиштипскиот регион е изгаснат, изгорени овоштарници, житни култури, лозја, пчеларници и една куќа
-

Папа Лав XIV: САД се синоним за слобода поради начинот на кој ги пречекуваа имигрантите
-

Русите тврдат дека ја освоиле Костјантинивка, клучен град во Донецк
-

Мицкоски: Македонија забрзува, изградбата на автопатот Охрид-Кичево влегува во својата завршна фаза
-

МВР: При петрес во Македонски Брод пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
-

Стартува осминафиналната фаза на Светското првенство во фудбал
