Османи-Швенг: Западен Балкан треба да биде водечки приоритет на ЕУ
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари средба со претседателката на Европскиот економски социјален комитет – ЕЕСК, Криста Швенг, на која меѓу другото, било разговарано за реактивирање на работата на Заедничкиот консултативен комитет ЕЕСК-МК.
На средбата, како што информираат од МНР, Османи изразил задоволство од пристапот што ова советодавно тело на Унијата го има кон земјите од Западен Балкан, сметајќи го регион за клучна гео-стратешка точка на Европа, а процесот на проширување, инвестиција во мир, стабилност, безбедност и економски раст за целиот континент.
Османи и Швенг, исто така, размениле мислења за плановите за реактивирање на работата на Заедничкиот консултативен комитет ЕЕСК-МК, кој е од исклучително значење за дијалогот на Македонија со ЕУ во социо-економската област, а ќе има важна улога и во текот на процесот на преговарање.
Соговорниците, се вели во соопштението од МНР, разговарале и за Форумот на граѓанското општество на Западен Балкан, кој оваа година се одржува во Скопје, со цел усвоените препораки од Форумот да бидат презентирани на Самитот ЕУ-ЗБ во Словенија, наредната недела.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?