Османи-Шаленберг: Стартот на преговорите со ЕУ ќе значи европски импулс и за целиот регион
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска на средбата со Александeр Шаленберг, Сојузен министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Република Австрија изрази благодарност за активната австриска поддршка пред претстојниот октомвриски самит на ЕУ, во насока на обезбедување „зелено светло“ од Советот за старт на преговорите со Унијата.
-Особено ги цениме интересот на Австрија, како непосреден сосед на регионот на Западниот Балкан, а особено клучната улога која ја одигра земјата за време на австриското претседателство со ЕУ, период кога земјава оствари најголем напредок во европските интеграции, истакнал Османи на средбата, соопштија од Секретаријатот за европски прашања.
Османи, се додава, го брифираше Шаленберг за актуелностите во земјата и регионот, при што соговорниците се согласија дека клучно за напредокот на земјата и на регионот во периодот пред нас останува стартот на преговорите со Унијата, како чекор поблиску до европската интеграција не само на Северна Македонија, туку и на останатите земји од регионот.
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска

