-->
-->
Османи: Северна Македонија од денеска на Дубаи ЕКСПО
-->

Под мотото „Нови можности“ и под слоганот „Дом на секој чекор“ оваа година Северна Македонија со сопствен павилјон ќе биде претставена на Дубаи ЕКСПО, објави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи на „Фејсбук“.
– Пред повеќе од 190 земји и над 25 милиони посетители, ќе ги промовираме економските можности, инвестицискиот потенцијал, туристичките атракции, богатото културно наследство и етничката разновидност, напиша Османи.

Шефот на дипломатијата додава дека Северна Македонија ќе биде во центарот на светската јавност на 22 февруари 2022, кога ќе се одржи централна културна манифестација и бизнис форум за промоција на инвестициските можности.

– Придобивките од учеството на Дубаи ЕКСПО 2020 се повеќедимензионални: подигнување на видливоста на Северна Македонија во светски рамки; креирање мрежа на бизнис контакти и можности за зголемување на економската соработка со голем број земји од различни региони во светот; привлекување странски инвестиции, олеснување на пристапот до профиталбилни светски пазари, наведува Османи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Добро се справуваме со пожарите
-
Инсекти тврдокрилци се преносители на пожарите на Серта
-
ДУИ: Бројот на советници во општините да се врати на старо
-
Нов мултифункционален центар во Аеродром
-
Нов базен во Кисела Вода
-
Општата болница во Струмица добива нови доктори и здравствен персонал
-
Светски ден на борба против хепатитис
-
Преглед на вестите од светот