Османи: Понеделник ќе биде денот Д", очекувам консензус за новиот претседавач со ОБСЕ
Понеделник ќе биде денот Д". Очекувам да постигнеме консензус за новиот претседавач со ОБСЕ, рече денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи на средбата со новинарите по повод претстојниот Министерски совет во Скопје.
Како што информира Османи, се прават максимални напори за постигнување договор. Побарана била и алтернатива - поддршка од Малта да се понуди како кандидат. Земјата ја оставила отворена оваа можност, доколку има консензус.
-Не смее националните интереси да доминираат врз колективниот интерес. Се надеваме дека во понеделник ќе успееме, дека ќе постигнеме историски успех да обезбедиме претседавач на ОБСЕ. На тоа ни е засега ставен целиот фокус. Организацијата не смее да остане без претседавач. Ако нема одлука до понеделник, мора да покажеме одговорност, истакна Османи.
Според него, доколку не се обезбеди консензус, ОБСЕ ќе влезе во целосно недефинирани прашања, нешто со кое организацијата досега никогаш не се соочила.
Османи информира дека на 28 ноември се очекува да почне пристигнувањето на учесниците на Министерскиот совет, а за 29 ноември е предвидена нефорамалната вечера со најголемиот број министри.
На вечерата шефот на дипломатијата и претседавач со ОБСЕ очекува да бидат изнесени ставовите на државите во однос на иднината на ОБСЕ, но тема како што рече, ќе биде и агресијата во Украина.
На Министерскиот совет е предвидено одржување и на повеќе други, т.н. странични настани, за кои се планирани неколку теми: Украина, климатски промени, млади и цивилно општество...
Ново на Сител
-

Автомобил се судри со трактор на патот Градско – Прилеп
-

Хибридите и моторите со внатрешно согорување можат да останат: ЕК го намали целниот процент за нулта емисија до 2035-та
-

Кушнер се повлече од белградскиот проект „Трамп“ вреден 750 милиони евра; Вучиќ: Ова е многу лоша вест
-

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД – услов за мировен договор, нагласи Зеленски
-

Детски психијатар од Хрватска злоставувал малолетни деца и им давал дрога
-

Песков: Русија сака мир, а не кратко примирје
-

Тешко повреден малолетник на „томос“ по направена сообраќајка
-

Благодарение на ЗХГ ќе нема огномет на новогодишната прослава на плоштадот во Скопје
