Османи: Поддршката од Германија важна за Македонија, очекуваме да продолжи и во иднина
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, во рамки на посетата на Германија, оствари и поединечни средби со директорот на Директоратот за развојна соработка во Сојузното министерство за економска соработка и развој Адреас Гис и со потпретседателот на Управниот одбор на Германската агенција за меѓународен развој (ГИЗ) Кристоф Бајер.
На средбите, како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, Османи изразил благодарност за континуираната поддршка и посветеноста на Германија за европските интеграции на земјите од Западен Балкан, особено истакната преку иницијативата на „Берлинскиот процес“. Османи искажал благодарност и за директната билатерална поддршка што Република Македонија ја добива од Германија.
- Имајќи ја предвид политичката поддршка, како и финансиската и развојна поддршка на Македонија, Германија ја сметаме за земја пријател и партнер на нашата земја за европски и евро-атлантски аспирации, изјавил Османи.
Во текот на разговорите, вицепремиерот Османи ги запознал соговорниците за новата политичка клима во Македонија, за фокусот на новата Влада кон евроинтеграциите, за имплементацијата на Планот 3-6-9 итн. Соговорниците, како што се наведува, се согласија дека Берлинскиот процес претставува одлична можност за зголемување на регионалната соработка меѓу земјите до Западниот Балкан, нешто што претставува и услов за членство во Европската унија, но и важна придобивка за граѓаните од регионот.
Османи посочил дека Владата останува посветена на целосно спроведување на реформите кои се од клучно значење за враќање на земјата на патот на ЕУ. Османи потенцирал дека особено е важно, покрај помошта која се обезбедува преку ИПА фондовите, да се обезбеди и таргетирана билатерална поддршка која ќе придонесе за успешно и ефикасно спроведување на клучните реформи.
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи имаше работна посета на Берлин, каде се сретна со повеќе високи претставници на германската држава, како и со претставници на влијателни невладини организации и тинк-тенкови. На средбите, како што информира СЕП, вицепремиерот Османи ги преставува политичките состојби во Република Македонија, а од германските претставници побара поддршка за нашите европски и евро-атлантски аспирации.
Ново на Сител
-
Американските сили објавија видео од Б-2А авионите пред нападот врз Иран
-
Да се избегнуваат патувања во земјите од Блискиот Исток со влошена безбедносна состојба, апелираат од МНР
-
Човек сам може да направи разлика, но, сите може да направиме историја, порача премиерот Мицкоски
-
Иран ќе продолжи со одмаздата како одговор на американските напади, вели висок ирански функционер
-
Мицкоски: Ќе се бориме да донесеме правда и да го урнеме системот на „бандитизам“ создаден од политички и бизнис структури
-
Бела куќа: Администрацијата на Трамп очекуваше иранска одмазда
-
Цените на нафтата паднаа за 5 отсто по нападот на Иран врз американската воена база
-
ИДФ го заврши својот досега најобемен бран напади врз Техеран