Османи: Планот 3-6-9 е заеднички проект на целото општество

Планот 3-6-9 е проект на целата држава, на општеството во целина, проект на невладините организации. Тој е рефлексија на приоритетот на Владата да ја врати реформската агенда, односно да ја врати земјата на евроатлантскиот пат и да се насочиме кон европските вредности, истакна вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешната презентација на проектот за следење на имплементацијата на владиниот План 3-6-9.
Посочи дека Македонија помина низ тешка политичка криза која остави далекусежни последици во општеството преку поларизација во институциите, но и врз имиџот на државата пред меѓународни пријатели и пред меѓународната заедница генерално.
- Целта на Владата беше да се врати прво земјата на тој евроатлантски пат, меѓутоа да се тргне условената препорака која што ја добивме на последниот извештај, а условите беа фер и демократски избори и адресирање на итните реформски приоритети. Меѓутоа, пред се, целта беше да создадеме европско општество за нашите граѓани. Не само формалната потреба да станеме членка на ЕУ, туку да направиме држава во која што ќе се живее по европски вредности. И токму затоа го направивме Планот 3-6-9, рече Османи.
Нагласи дека овој процес којшто е од стратешки интерес за државата не може да биде ексклузивен на една влада, на една политичка партија или на една етничка заедница.
- Тоа е процес на којшто секоја влада или секоја политичка партија има додадено една цигла повеќе на тој пат. И тој процес мора да биде инклузивен, мора да биде инклузивен и ставен на надпартиско ниво, на надетничко ниво. Планот 3-6-9 не е проект на Владата. Тоа е проект на целата држава, на општеството во целина, проект на невладините организации, проект на секој граѓанин, на секој академик, на секој наставник, на секој работник. Целта е да направиме европско општество, целта е да станеме дел од европското семејство, рече Османи.
Цивилното општество, додаде Османи, треба да биде дел од имплементацијата на тој проект, да биде суштински дел од системот којшто го мониторира процесот. Тој ја поздрави иницијативата за следење на имплементацијата на владиниот План 3-6-9, како и учеството во проектот на Фондацијата Конрад Аденауер.
Најави дека Владата и Секретаријатот за европски прашања ќе биде активен партнер во заедничкото работење и во следењето и во мониторирањето на процесот.
- Нашата прва цел е условената препорака да ја тргнеме. Сега работиме само на делот 3 од Планот 3-6-9 за првите три месеци. Веќе имаме реално голем успех, повеќе од 60 проценти од 73 мерки коишто се предвидени се реализирани, а работиме веќе на мерките од Планот 6 и од Планот 9. Посакувам успешна работа. Ќе најдете партнери во СЕП, меѓутоа и кај мене лично во следењето, во мониторирање и имплементацијата на Планот 3-6-9, истакна вицепремиерот Бујарс Османи на презентацијата проектот за следење на имплементацијата на владиниот План 3-6-9 што ќе го спроведува Институтот за демократија „Социетас Цивилис” - Скопје заедно со канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер.
Ново на Сител
-

УХМР: Во вчерашното невреме на повеќе локации во државата беа регистрирани оркански удари на ветер
-

Мицкоски за штетите од невремето: Имаме механизми за помош, никогаш не сме ги оставиле граѓаните да се снаоѓаат сами
-

Над 30 повредени во силното невреме што вчера го зафати Скопје
-

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години
-

Рокас: Покажавте капацитет за спроведување на реформите, владеењето на правото клучен предуслов за успешна евроинтеграција
-

Сали: Евроинтеграцијата бара заедничка одговорност и консензус, политичките разлики не треба да ги блокираат реформите и придобивките за граѓаните
-

Ангелов: Природата е најголемиот контролор на изграденото од човекот
-

Откриен споменик на Махатма Ганди во Скопје, траен симбол на вредностите што ги обединуваат двата народа
