Македонија
19. September 2017 - 12:26

Османи: Очекуваме конкретни чекори од ЕУ за евроинтеграцијата на Македонија

 Вицепремиерот за европски прашање денеска на прес-конференција посветена на сработеното во првите сто дена Влада, нагласи дека се потребни посебни чекори од страна на Европската унија, но и од земјите-членки во насока на видливоста на европските перспективи на Македонија.

- Напредокот во евроинтегративните процеси на Република Македонија за среќа не претставува изолиран случај на Балканот, туку е во иста насока со новиот бран на регионален европски оптимизам, кој е проширен кај земјиоте-членки на Унијата. Потребни ни се конкретни чекори од страна на ЕУ, но и од страна на земјите-членки во насока на видливост на европските перспективи на РМ, во насока на зајканување на европскиот оптимизам во земјата и регионот, додаде Османи.  

Тој посочи дека поради долгогодишниот застој предизвикан најмногу од длабоката институционална криза во земјата, во изминатите сто дена Секретаријат за европски прашања, но и Владата биле целосно насочени кон враќање на земјата на патот на ЕУ.

- Како нова Влада затекнавме замрзнати односи со нашите стратешки партнери, кои директно ни се обраќаат како земја со заробени институции, што придонесува за уназадување на евроатланските процеси.  Наш најголем предизвик е да го остраниме тој застој, додаде Османи.

Тој ги наброја дел од активностите спроведени во овој период - посета на владина делегација на Брисел, посетата на Јоханес Хан, кој учествуваше на тематска седница на Владата, поветена на евроинтеграциските процеси, планот 369.

- Делот три е во финална фаза на имплементација, која треба да биде крунисана со одржување на веродостојни и кредибилни избори. Успешната реализација од делот три од планот очекуваме да заврши со отстранување на условувањето на препораката, што е прв чекор за добивање датум за преговори за полноправно членство, рече Османи.

Тој додаде дека паралелно се работи и на подготовка на деловите 6 и 9 и со нивно имплеметирање ќе се спроведат сите потребни реформи.

Како сработено го спомена и усвојувањето во Владата на Предлог-законот за јазиците, потпишување на Договорот за добрососедски односи со Бугарија, посетата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас на Македонија.

Работено е и на одмрзнување на сите тела и активности, кои се од надлежност на СЕП, се работи на Националониот план за усвојување на правото на ЕУ (НПА), што беше замрзнато, односно ставено во мнирување, покренати се и меѓуресорните тела, како што е Работниот комитет за европска интеграција, но и заедничките тела со ЕУ, како што се Комитет за стабилизација и асоцијација и Советот за стабилизација и асоцијација. 

Тој овие сто дена бил посветен и на функцијата национелен координатор на т.н ИПА структура.

- Во наша ингеренција е мониторингот на спроведување на средствата во ИПА, додека процесот на склучување договори е во надлежност на финансии и на самите корисници, појасни Османи. 

Вицепремиерот информира дека во резултатите од извештајот за ИПА 1 пакет, кој е за периодот 2007-2013 година покажаа дека се алоцирани 614 милиони евра, а на располагање биле ставени 437 милиони што е над 70 проценти, но над 150 милиони или околу 25 отсто не се искористени и се враќаат во ЕУ.

Во тек е реализација на проекти од ИПА 2 пакетот за 2014-2012, на располагање се ставени нови 644 милиони евра, од нив 67 отсто или 445 миилиони се веќе програмирани и распределени за натамошна имплементација по проекти. Во моментот се работи на програмирање на уште 172 милиони евра, но сепак и тука н40 милиони евра веќе се изгубени и во фазата на самото програмирање, а не се исклучува и да се генерираат дополнителни загуби.  

Османи нагласи дека забелешките од извештајот за ИПА ќе биде основа за нов мастер план за реформа на ИПА структурата, но и за севкупни реформи во насока на зголемување на капацитетите на државата и зголемено искористување на овие средства.