Османи очекува преговарачката рамка да се усвои на октомврискиот самит, по што ќе следи меѓувладината конференција

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска изјави оти нацртот за преговарачката рамка со ЕУ се очекува да го добиеме во јуни, додека од Брисел биле информирани дека новиот пакет за проширување, односно Годишниот извештај што се очекуваше во јуни, ќе се одложи за септември.
– Засега прашањето на рамката е задржано за јуни, 3 јуни е претпоставениот датум, меѓутоа не може точно да се каже заради оваа тешкотија со состаноците поради пандемијата. Првиот предлог што ќе се објави на 3 јуни е всушност драфтот, рамката што ќе ја предложи Комисијата. Потоа таа рамка оди во КОЕЛА, тоа е телото на Советот за проширување во којшто се земјите членки и тука тие ги ставаат своите национални позиции. Се разбира дека може уште и на ниво на Комисијата да има одредено влијание. Но очекувам дека ЕК ќе излезе со неутрален став по однос на поединечните ставови на членките кои во случајот на моменти може да бидат асиметрични, одговори Османи на прашањето дали барањата на Бугарија се влезени во рамката и до каде е усогласувањето.
Повтори дека очекува Комисијата да има неутрален став, односно неутрална рамка, а потоа, како што рече, ќе помине низ филтрите на земјите членки и оти ќе има предлози од самите членки, но, појасни, ние веќе работиме и со Комисијата и со земјите членки.
– На 3 јуни очекуваме да се објави драфтот од страна на Комисијата. Потоа оди во КОЕЛА. На Црна Гора и требаа три месеци земјите членки да се усогласат по однос на рамката и да се усвои на Советот, така што ако за нас е слично, очекувам на октомврискиот самит на ЕУ или на декемврискиот самит да се усвои рамката, меѓутоа најверојатно на октомврискиот самит да се усвои на Советот и со тоа веднаш и првата меѓувладина конференција, истакна Османи.
Ново на Сител
-

Тошковски: Новогодишната ноќ помина главно мирно
-

Новогодишна донација од СВР Битола, РСБСП и ОСБСП за првото бебе во Битола
-

Напади врз полиција и апсења во Германија за време на дочекот на 2026 година
-

Бурна новогодишна ноќ за дежурните лекарски служби, двегодишно дете со повреди од огнено оружје
-

Тошковски ја започна годината со посета на службениците на Солунска Глава
-

АМСМ: Сообраќајот кон ГП Ќафасан е се уште во прекин во двата правци
-

Град Скопје ќе гради прва катна гаража во Клиничкиот центар до втората половина на 2026 година
-

Првото бебе во државата е Евгенија, трето дете на семејството Камчеви
