Македонија
18. October 2019 - 13:46

Османи: Ние сме дел од Европа и продолжиме со изградбата на европска Република Северна Македонија

 

Ние сме дел од Европа и денешната неправда не смее да нѐ оддалечи од нашите напори да продолжиме со имплементацијата на реформите, изградбата на добрососедските односи и негувањето на соживотот и мултикултурното општество, односно едноставно, да продолжиме во изградбата на европска Република Северна Македонија, објави денеска на Фејсбук вицепремиерот задолжен за европски прашање Бујар Османи.

– Јас немам дилеми дека европскиот кредибилитет не само во земјава, туку и во целиот регион од денеска е нарушен. И тоа е нормална, логична и природна последица кога една Унија изградена на принципи ќе го наруши основниот принцип и нема да го одржи сопствениот збор.  Но, тоа не смее да нѐ оддалечи од европските вредности, наведува Османи во објавата.

Тој потенцира дека е свесен оти изминативе неколку дена „секој од нас, на одреден начин, беше под притисок на измешани чувства – на исчекување и надеж, но и на чувство на немир и тензија. – И тоа е веројатно нормално, имајќи предвид дека европските интеграции се наша суштинска определба, а припадноста во европското семејство наша автентична ориентација, додава Османи.

– Сакам да ве уверам дека на овој пат навистина направивме многу; направивме буквално сѐ што е во наша моќ и тоа ни го признаваа сите, буквално сите политички центри на моќ го признаваат напредокот на земјава. Од реформи со кои ја вративме довербата на граѓаните во институциите, до зрели политички компромиси со кои создадовме земја опкружена со соседи – пријатели.  И не е дека овој резултат не беше вреднуван. Стануваме 30-та членка на НАТО – нашата најважна гаранција за стабилна и безбедна иднина; но минавме и во нова фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ со која институционално се поврзуваме со Унијата; го започнавме набљудувачкиот скрининг, а станавме членки на Јадранско–јонската група земји, истакнува Османи.

Тој натаму нагласува дека со сето ова како земја едноставно навистина се вративме на евроатланскиот пат во најширока смисла на зборот.

– И ова не е само наша констатација. За ова добивме потврда и од Европската комисија, и од соседите, и од земјите – членки на Унијата, но денешниот Совет на ЕУ покажа дека и на Унијата и е потребна реформа. Денес 27 земји членки, на кои им се заблагодаруваме, побараа јасно и недвосмислено Република Северна Македонија да добие нов импулс во европските интеграции за да продолжи на патот на реформите. Една земја, чие клучно барање е да се напушти принципот на консензус при одлучувањето, денес го искористи ова право за да не дозволи заокружена одлука за старт на преговорите, истакнува Османи во објавата на Фејсбук.

Ново на Сител