Османи: Невозможна мисија е личните документи да важат по 12 февруари
Шефот на македонската дипломатија ги урна надежите дека може да биде пролонгиран рокот за вадење на личните документи и по 13-ти февруари. Речиси невозможна мисија е пасошите да важат по 12 февруари, вели Османи.
- Наместо да се концентрираме на давање на лажна надеж дека ќе ги смениме одредбите од Преспанскиот договор, дека ќе го смениме Законот за спроведување на уставните амандмани е да работиме граѓаните да немаат пречки после 13 февруари. Ниту оваа претставка до Уставен суд нема да може да го смени Преспанскиот договор ниту било кои измени на закони, кажа Османи.
Средба или дополнителна комуникација со грчките власти ќе нема, иако официјална Атина имала разбирање за состојбите. Преземените обврски од Преспанскиот договор мора да се исполнат, дециден е Османи.
- Еве уште еден момент, грчката страна треба да ја информира Европската унија дека стапува во сила рокот. После тоа сите држави кои ја имаат таа информациај од страна на Грција ќе почнат да ја почитуваат. Се обидувам да бидам брутално искрен, меѓутоа покоректно е да сум сега отколку после тоа граѓаните да останат на граничните премини и на некој начин ние да сме причина за тоа, додаде Османи.
Ново на Сител
-
Одблокиран процесот за лиценци кои се неопходни за работа во градинка
-
Онколошки амбулантски терапии ќе се аплицираат во Штипска Клиничка
-
Еразмус плус тема за партиски препукувања
-
Трето издание на „Ohrid Water Festival“
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: 24 години по рамковниот – заедно сме посилни
-
Активни три пожари на отворено во Македонија
-
Со новата методологија за финансирање на основното и средното образование