Османи: Нема конспирација во пресметувањето на денот кога ќе ги доставиме уставните измени во Собранието
Нема ништо конспиративно во одредувањето на денот, кога уставните измени ќе бидат доставени до Собранието. Едноставно, се калкулира кога е најдобриот момент, рече денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Уставните измени, повтори, не се контроверзни и се во интерес на државата.
-Мислам дека премиерот даде конкретна изјава, рече дека за кратко време ќе бидат пратени предлозите за уставните измени. Ние сме политичка Влада и ги пресметуваме сите аспекти, даваме простор за продолжување на политичките разговори, се координираме со Палраментот по однос на внатрешните процедури, го сетираме тајмингот за да помогне во дебатата. Нема некоја конспирација зад пресметување на денот кога ќе ги пратиме предлозите, туку баш, класично калкулирање, кога е најдобриот момент, кога Собранието смета дека веднаш може да го процесуира текстот, дали се исцрпени сите разговори, да се даде ден повеќе на опозицијата да рефлектира и календарски е прашање поради одморите. Нема ништо конспиративно, очекувам брзо, во рамки на наредните денови, недели, да се прати текстот во Собранието. За мене тоа ќе биде најважниот момент, кога граѓаните ќе ги прочитаат уставните измени. Дури некому кажав, јас на билборди би ги ставил уставните измени за да видат граѓаните дека целата пропаганда по однос на уставните измени не е точна, истакна Османи на прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања.
Ново на Сител
-
Две сообраќајки за само 4 часа на влезот во Штип
-
Демири не знае од каде е смрдеата во хируршките сали – нема ни одговорност за крахот на системот
-
Демири се закани дека вработените во болницата во Лешок ќе останат без плата
-
ССМ: За една година трошоците за живот повисоки за 200 евра
-
Земјоделците го блокираа центарот на Струмица, бараат повисоки откупни цени на градинарското производство
-
Преглед на вестите од светот
-
Над 60% загуба на вода во водоснабдителниот систем на ЈП „Исар“-Штип
-
Во вооружена престрелка на Пластичарска загина 29 годишен скопјанец