Османи на заедничка средба со амбасадорите Рикер и Карпентер
Министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со амбасадорот Филип Рикер, виш советник за процесите на преговори во регионот на Кавказот при Стејт департментот и амбасадорот Мајкл Карпентер, постојан претставник на САД при ОБСЕ во Виена, информираат од Кабинетот на министерот Османи.
Како што информираат, на средбата се дискутирало за претстојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, приоритетите и можностите кои треба да се искористат за справување со геополитичките предизвици, како и поддршката на САД во овој процес.
-ОБСЕ треба да има неминовна, би рекол, клучна улога во менаџирањето, стабилизацијата, но и во процесите на постконфликтното градење мир и доверба во Украина и пошироко во регионот на ОБСЕ. Како претседавач со Организацијата ќе работиме на зајакнување на улогата на ОБСЕ во оваа смисла, во поддршка на нејзината релевантност. Самите предизвици ја прават Организација денес порелевантна од било кога и наша задача ќе биде да ја зачуваме и да овозможиме адекватни услови да функционира со полн потенцијал, посочил Османи.
Соговорниците се согласиле дека функционалноста и зајакната улога на ОБСЕ, како регионална безбедносна организација, е особено потребна со цел да се овозможи теренска поддршка на обидите за прекин на воените дејствија и одржувањето стабилноста на територијата на Украина.
-На средбата беше реафирмирано стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и САД, како и основните постулати на соработка дефинирани во Стратешкиот дијалог кој се одржа во јуни оваа година во Вашингтон. САД продолжуваат со силна поддршка за земјава, вклучувајќи ја и поддршката и во делот за претстојното претседавање на земјава со ОБСЕ, велат од МНР.
Ново на Сител
-

Превозниците бараат поврат на дел од акцизата за дизел
-

Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура и туризам
-

Обид за намалување на цената на горивата и ублажување на енергетската криза
-

ССМ: Поскапувањето во маркетите почна, излезете на протест за повисоки плати
-

Мицкоски: Македонија системски подобро реагираше по пожарот во Кочани од Швајцарија во Кран Монтана
-

Екс директорот на Комунална, Рустеми се сомничи дека злоупотребил над 68.000 евра за фиктивни услуги
-

Обвинение за сопругот на Ивана: Насилството довело до самоубиство
-

Закани за бомби и убиства во медицинското училиште во Тетово – приведен 18-годишник
