Османи на средба со носителите на МКарта од Италија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска, во рамки на работната посета во Рим се сретнал со претставници на нашата дијаспора во Италија, односно со носителите на МКАРТА.
Како што соопшти МНР, министерот изразил благодарност за покажаниот интерес за проектот МКАРТА, кој самиот го претстави пред неполни три години, во мај 2021 година, како вредна мрежа на наши најдобри претставници на дијаспората во светот, кои со својата посебност оставиле белег во новите средини каде се успешно интегрирани, промовирајќи ја државата во странство.

-Проектот МКарта, претставува еден вид признание, потврда за видни личности од земјата кои живеат во странство, а кои со својата работа покажале истакнат успех и со тоа на вистински начин ја претставуваат Северна Македонија во странство. Меѓу носителите од Италија, оваа година, има реномиран гастроном на светско ниво, бизнисмени, познат кардиолог и кардиохирург, уметник, магистер по одржлив развој и професор по албански јазик и литература, истакнал министерот Османи.

Покрај симболичното признавање на нивниот исклучителен труд, со проектот, се додава, се зацврстува врската на овие истакнати личности со државата и се отвараат можности за засилена соработка и нивна институционализирана проактивна улога во Северна Македонија, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати за државен јавен обвинител
-

Вонреден инспекциски надзор во Правда, бараа објаснување за полагање на правосудниот испит
-

Уставен пред комплетирање - се чека изборот на нови судии за одлука за Законот за јазици
-

Протест на ССМ пред Владата
-

СДСМ обвинува дека Мицкоски го користел владиниот авион приватно, Владата демантира
-

Над 200 милиони евра годишно се даваат како државна помош, но не се знае кој добива и за што
-

Прегазени дете и тинејџер во две одделни сообраќајни несреќи
-

Зголемен водостојот на реките, во Кичево се уште се санираат штетите
