Османи на средба со Ле Дриан: Северна Македонија ги исполни сите услови, сега е критичниот момент и ЕУ да испорача
Северна Македонија ги исполни сите услови за старт на преговорите и дополнително, постигна стопроцентно усогласување со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, како и 40-процентно усвојување на законодавството на ЕУ. Сега е критичниот момент и Европската унија да испорача преку усвојување на преговарачката рамка, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната средба со министерот за Европа и надворешни работи на Франција, Жан Ив Ле Дриан која се одржа на маргините на состанокот на Коалицијата за борба против ИСИС во Маракеш.
Како што истакна министерот Османи, надворешно-политичките и безбедносните ризици во новата геополитичка реалност го наметнуваат ефектуирањето на одлуката за почетокот на пристапни преговори со Северна Македонија, доколку Европската унија сака да го задржи својот кредибилитет, пред се во регионот и да го демонстрира своето геостратешко лидерство.
Во фокусот на разговорите со неговиот француски колега, информира МНР, беа активностите и плановите на француското претседателство со Советот на ЕУ во однос на интеграцијата на државите од Западен Балкан и неопходноста од забрзување на европскиот пат на нашата држава.
-Соговорниците разменија мислења и за актуелната ситуација во Украина и справувањето со безбедносните предизвици во регионот, како последица на руската агресија врз Украина, наведува МНР.
Ново на Сител
-

Претпладне променливо облачно, попладне дожд - од понеделник пад на температурите
-

Цените на дизелот и бензинот рушат рекорди во ЕУ: Највисоки во последните 20 години
-

Ѓорѓиевски: Мега парк од 50.000 м² во Бутел - трајно решение во борбата со депониите
-

Почна Октоберфест - фестивалот на пивото во Минхен
-

Сопствениците на дизел-возила во Унгарија ќе добиваат парична помош од државата поради високите цени
-

НАТО го поздрави договорот меѓу САД, Данска и Гренланд
-

Трамп им забрани пристап во Белата куќа на новинари од CNN, MS NOW и Politico
-

Обвинение против шест лица за фалсификуваните возачки дозволи, тројца се' уште се во бегство
