Османи на работни средби во Брисел со Борел, Џоана и Лајчак
Претседавачот со ОБСЕ, министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска е во работна посета на Брисел, при што ќе има работни средби во ЕУ и НАТО со цел разгледување на можностите за продлабочување на соработката меѓу ОБСЕ, ЕУ и НАТО, како и разговори за актуелните надворешно-политички прашања на Северна Македонија.
Како што информира МНР, Османи ќе се обрати пред Северноатланскиот совет на НАТО, каде ќе ја презентира Програмата за претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ оваа година.
Во рамки на посетата, Османи ќе има и одделни средби со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската Комисија, Жозеп Борел, со заменикот на генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана, специјалниот пратеник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак и низа други средби со високи претставници на ЕУ и НАТО.
-На средбите во ЕУ главен фокус ќе биде зајакнувањето на соработката на ОБСЕ со ЕУ за време на претседавањето на Северна Македонија, како и претставување на позициите на Северна Македонија за актуелните надворешно-политичките збиднувања. Во НАТО структурите и во разговорите со претставниците на Алијансата покрај презентацијата на Програмата за Претседавањето со ОБСЕ, Османи ќе информира и за досега остварените активности во ОБСЕ со посебен акцент на Украина, стои во соопштението од МНР.
Ново на Сител
-
Девет години од поплавите во Стајковци - градоначалникот најави откривање на спомен плоча
-
Почина проф. д-р Владимир Цветковски
-
Навроцки положи заклетва како нов полски претседател
-
Хирошима одбележува 80-годишнина од атомското бомбардирање
-
Националистички скандирања на Градски, Гаши вели „Навивачите покажаа достоинствен пример“
-
Димитриеска-Кочоска: Историски високи приходи во Буџетот за јули
-
Најмалку 20 мртви откако камион со храна се преврте врз цивили кои чекаа помош во Газа
-
Блумберг: Москва размислува за „воздушно примирје“ како опција