Османи на неформална средба со постојани претставници на повеќе земји во ОБСЕ
Министерот за надворешни работи Бујар Османи на маргините на Преспа форумот за дијалог денеска имаше неформална средба со постојани претставници на повеќе земји учеснички во ОБСЕ кои присуствуваа и на Форумот.
Како што информира МНР, на состанокот, на кој учествуваше и генералната секретарка на ОБСЕ Хелга Шмит, се разговараше за актуелните безбедносни предизвици во регионот на ОБСЕ и улогата на земјите учеснички и нивниот придонес кон агендата на Организацијата и во надминувањето на актуелната криза.
– На средбата беа споделени размислувања за претстојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година со посебен акцент за нашиот ангажман во дадениот сложен геополитички контекст. Тројката претседавачи со ОБСЕ, заедно со генералната секретарка на Организацијата, вчера усвоија Заедничка изјава, соопшти МНР.
Ново на Сител
-
Европските лидери го осудија убиството пред Еврејскиот музеј во Вашингтон
-
2023 сообраќајни прекршоци изминатите три дена, 362 за брзо возење
-
Во Велес синоќа се запали куќа од удар на гром, повредени нема
-
Манчестер јунајтед претрпе 20 порази во една сезона за прв пат по 50 години
-
Вардар го освои Купот на Македонија
-
Каја Калас: Враќање на Западниот Балкан
-
Може ли финско-руската граница да биде следната зона на конфликт по војната во Украина?
-
Опожарено „БМВ“ во движење во близина на граничниот премин Табановце