Османи: Мапирани се сите наши граѓани во Украина и Амбасадата во Киев ги има контактирано
Можноста за ескалација на состојбата во Украине е се поприсутна. Мапирни се сите наши граѓани во Украина и Амбасадата во Киев ги има контактирано. Семејствата на дипломатите се вратени, а дипломатите остануваат таму и обезбедени се услови за функционирање на амбасадата во наредните три месеци, изјави денеска на прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи, зборувајќи во однос на состојбата во Украина.
Османи нагласи дека 12 луѓе веќе ја информирале амбасада дека се вратиле во државата, како и дека минатата недела пуштиле апел да се користат се уште присутните комерцијални летови за да може да се вратат во Скопје.
Според Османи, останува отворено прашањето за нашите 30 набљудувачи во рамки на мисијата на ОБСЕ.
– Останува прашањето на 30-те наши набљудувачи во рамките на Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ, некои земји ги имаат повлечено – САД, Канада, Велика Британија, а Данска и Холандија ги имаат дислоцирано на побезбедна локација. Нашата позиција е малкуи поспецифична, затоа што ние сме дел од претседавањето со ОБСЕ и се разбира повеќе внимаваме какви пораки ќе дадеме по однос на мониторинг механизмите на ОБС, меѓутоа сме во комуникација со нашите луѓе во мисијата и сум во комуникација со генералниот секретар на ОБСЕ. Се слушнав во петокот со госпоѓа Шмит, а очекувам денеска повтонро да да имаме разговор, како и со Полска и на Шведска, изјави Османи.
Тој нагласи дека се во координација за формирање на Мисија за утврдување на факти во рамки на тојката претседавачи, а по повикот на украинскиот МНР.
– Ние сме во координација кој би бил мандатот на таа мисија, на кое ниво би се отишло таму, дали на министерско, дипломатско или воено-експертско ниво. Сите тие координации ги правиме заедно со партнерите во рамки на тројката претседавачи, изјави Османи.
Ново на Сител
-
Експерти: Лидерската е вовед во политички дијалог, но без големи очекувања
-
Teма на денот со Ивон Величковски
-
Мицкоски и Филипче на чекор до лидерска средба
-
Мицкоски: Милошоски и Филков имале само лош ден што треба да заврши
-
Негативно мислење за разрешувањето на обвинителот Коцевски
-
Дали повисоки казни ќе спречат трагедии како Кочани?
-
Клиниката за физикална медицина се подготвува да ги прими првите пациенти од пожарот во Кочани за рехабилитација
-
На чекор сме до генерален штрајк во цела држава, предупреди ССМ на протестот за повисоки плати