Османи: Македонија има значајно место во франкофонското семејство
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод обележувањето на 50-годишнината од основањето на Организацијата на франкофонијата, денеска заедно со амбасадорката на Романија во нашата земја, Адела Монија Аксинте ја отвори изложбата „50 години Франкофонија – поглед од Македонија“.
– Оваа изложба преку автентични фотографии од архивите на Министерството за надворешни работи, Францускиот Институт во Скопје и други институции, ја покажува франкофонската традиција на нашата држава, местото и улогата на францускиот јазик во нашето општество, како и франкофонската култура, истакна Османи.
Тој рече дека фотографиите го покажуваат патот на Република Македонија кон Франкофонијата и вложувањето во едно семејство, во кое се споделуваат истите вредности.
Османи, исто така, соопшти дека интернет-страницата на МНР е достапна и на француски јазик, што според него, сведочи за посветеноста на нашата држава кон промоција на тој јазик.
– Овој омаж на татковците-основачи на оваа престижна организација, која се залага за демократијата, слободата, за мирот, за солидарноста, но, исто така, се грижи и за заштита на културолошката различност. Македонија има значајно место во франкофонското семејство од 2006 година, а францускиот јазик е дел од нашата историја и претставува неминовна иднина, рече Османи.
Романската амбасадорка Адела Монија Аксинте рече дека и е чест што присуствува на оваа изложба.
– Романија е 30 години членка на Франкофонијата и е нејзина регионален центар за Источна Европа. Романија активно учествува во клучните цели на оваа организација. Тоа значи, промовирање на францускиот јазик и културолошката и јазична разноликост, но и промовирање на демократијата, мирот, човековите права, солидарноста и поддршка на научното истражување, рече амбасадорката Аксинте, која додаде дека Романија развива широка програма за стипендии во франкофонски земји.
Ново на Сител
-
Претреси во Штип, пронајдена дрога, приведени две лица | ФОТО
-
Приведен германски државјанин на ГП Табановце, кај него е пронајдена дрога
-
Трамп: Си Џинпинг го одобрува договорот за ТикТок
-
Видео порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 80. годишнината од основањето на ООН
-
ОЈО: Три лица под сомненија за изнуда на пари од скопјанец
-
Во Белград претпладнево ќе се одржи воена парада
-
САД планираат да му продадат оружје на Израел во вредност од речиси шест милијарди долари
-
Руски авиони упаднаа во Естонија