Османи-Коѕијас: Градењето доверба да резултира со затворање на отворените прашања

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска се сретна со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас. Двајцата разговарале за напредокот во меѓусебната соработка, активностите на двете земји за унапредување на комуникацијата, како и мерки за градење доверба меѓу двете земји.
- Имаме голем напредок во комуникацијата меѓу двете земји, што води кон очигледно зголемување на довербата меѓу државите, но и севкупно, зголемување на довербата меѓу двете општества, подвлече Османи, изразувајќи надеж дека тоа набргу ќе резултира и со надминување на отворените прашања.
Османи, како што соопшти СЕП, изрази надеж дека во периодот што следи ќе се засилат мерките за градење доверба во сите области - економијата, културата, образованието, екологијата, меѓуграничната соработка, енергетиката, транспортот... со што покрај изградбата на довербата меѓу општествата, граѓаните ќе можат и директно да ги почувствуваат бенефитите од оваа соработка.
Вицепремиерот во овој контекст изрази задоволство од успешниот старт во примена на мерките за доверба, како што е преминување на земјава во втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација, како и пристапот до Јадранско-јонскиот регион.
Османи ја акцентираше успешната билатерална соработка меѓу Македонија и Грција, која е исклучително позитивна во делот на искористување на средствата од ИПА во проектите за прекугранична соработка, како и соработката во рамки на твининг проекти и инструментот ТАЕКС.
Двајцата соговорници се согласиле дека евро-атлантските интеграции на земјава се единствена алтернатива со која ќе се зајакнат и стабилноста и безбедноста на регионот, како и да се одржи комуникацијата меѓу двете земји со отворен дијалог за партнерство, се додава во соопштението на СЕП.
Ново на Сител
-

50-годишен тетовец ја тепал ќерка му и рекол дека ќе ги запали ако викнат полиција
-

Вардар во финалето против Охрид на ракометниот турнир Струга 2026
-

Мицкоски: За скопската вода опозицијата проба да создаде хистерија, за гостиварската Владата не е одговорна, напротив – таа помогна
-

Нетанјаху ја нарече Велика Британија „исламска република“, Лондон протестира
-

Автобус полн со српски туристи излетал од патот во Бугарија
-

Уапсен дилер на дрога од Бучим, при преглед на возило пронајдени 14.440 евра
-

Николоски: Се решаваат сложени инженерски проблеми на автопатот Охрид - Кичево
-

Уапсени две лица од Битола и Прилеп поради предизвикување пожари
