Османи: Изборите ќе ја потврдат демократската и политичката зрелост на државава
Во периодот што следи Владата ќе се фокусира на организирање фер, слободни и компетитивни избори, со што ќе ја потврди досегашната доверба за демократскиот капацитет на земјата, истакнал вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, денеска на средба со амбасадорот на Франција во земјава, Кристијан Тимоние, информира денеска владиниот Секретаријат за европски прашања.
На средбата, како што соопшти владиниот Секретаријат за европски прашања, станало збор за актуелностите поврзани со европските интеграции на земјава, особено во пресрет на европските самити на ЕУ во март, мај и јуни под палката на Хрватското Претседателство со ЕУ.
-Преодната Влада се формираше според политичкиот договор низ соодветна постапка и инклузивен процес, што е доказ за не само за институционалната, туку и за политичката зрелост на државата, истакнал Османи, потенцирајќи притоа дека во периодот кој следи Владата ќе се фокусира на организирање фер, слободни и компетитивни избори, со што ќе ја потврди досегашната доверба за демократскиот капацитет на земјата.
На средбата се разговарало и за останатите предизвици поврзани со европските интеграции, како што е реформата на методологија за преговори на која работи Европската Комисија, предизвиците на земјава да го задржи реформскиот моментум, можностите за процесот на преговори во рамките на претседателството со ЕУ од страна на Хрватска како и сите останати актуелности.
Соговорниците за време на средбата ја реафирмирале заедничката заложба за иднината на земјите од Западен Балкан, при што уште еднаш заеднички се согласиле дека Република Македонија и останатите земји од регионот немаат друга алтернатива освен полноправното членство во ЕУ.
Ново на Сител
-
Четири лица здравствено згрижени на Токсикологија по пожарот во Трубарево
-
Меџити: Ќе се утврдува во колкава мера било загадувањето врз животната средина од пожарот во Трубарево
-
ОЈО Скопје презема дејствија во врска со пожарот во Трубарево
-
Приведен гевгеличанец, со возило удрил во мотоцикл при што тешко повредил двајца малолетници
-
Повеќето Германци стравуваат од можен руски напад врз НАТО
-
Уапсен неготинец, возел со 2,38 промили алкохол во крвта
-
Ангелов: Пожарот во Трубарево е изгаснат, но има силно чадење, ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“
-
Тошковски: Нема радијациско зрачење од пожарот во Трубарево, а над 400 метри од центарот на жариштето не е измерена загаденост