Османи - Хоџа: ЕУ е заедничка цел на Македонија и Косово
Македонија и Косово имаат иста цел - пристапување во ЕУ и треба да се поддржуваат во тој процес преку континуиран, отворен и конструктивен дијалог, истакна македонскиот вицепремиер задолженн за европски прашања Бујар Османи на средба со косовската министерката за европска интеграција Дурата Хоџа, соопшти СЕП.
Во тој контекст, Османи ги понуди искуството и знаењата кои Македонија ги стекна во делот на спроведување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, со директна соработка и експертска помош, нагласувајќи дека Косово ќе ја добие целосната поддршка од стана на Македонија за нивните евроатлантски аспирации.
Османи и Хоџа ја повторија и поздравија иницијативата за одржување заедничка седница на владите на двете земји, во рамките на воспоставените институционални механизми со потпишаниот Договор за соработка во областа на европската интеграција, а беа разгледани и заедничките проекти во рамките на Берлинскиот процес, како и можното воспоставување заедничка царина.
Вицепремиерот Османи на средбата потврди и дека се работи на спроведувањето на стратешкиот проект во рамките на ИПА за прекугранична соработка, граничниот премин Белановце-Станчиќ, и подвлече дека ќе стори сè што е во рамките на неговите надлежности за навремено завршување на сите постапки, за што побара заложба и од косовската страна, се вели во соопштението од СЕП.
Ново на Сител
-
ЕУ перспектива?
-
САД ја обновува воената помош за Украина, како ќе постапи Македонија?
-
80 години Црвен крст – потпишан меморандум со универзитетската фела
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Тежок криминал, а судот само одзема пасоши
-
Армијата бара 300 нови професионални војници
-
Колку сме подготвени за справување со пожарите
-
Црвен Крст на Македонија иницира носење на нов закон за волонтерство