Османи: Експертската мрежа на ОБСЕ е уште една одредница на Претседавањето на Северна Македонија со меѓународната организација
Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ постави уште една одредница во градењето на односите со граѓанското општество преку воспоставувањето на Експертската мрежа на ОБСЕ, истакна претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи на денешниот настан организиран во рамки на Претседавањето со ОБСЕ „Стратегиско предвидување во променлива средина: Перспективи за соработка и безбедност во Европа – Градење на експертска мрежа на ОБСЕ“ што се одржува во Скопје.
Оваа мрежа, како што посочи Османи, има за цел да ги истражи бројните динамични трендови на соработка во областа на безбедноста во Европа и клучната улога што ја имаат организациите како ОБСЕ и тинк-тенковите во обликувањето на политиките во овој критичен домен.
-Северна Македонија, вклучително и МНР имаат модел за консултации и соработка со тинк-тенкови кои можеме да ги споделиме. Модел кој претставува формална точка за консултации и дијалог за развој на политики, што нуди редовни можности за средби меѓу креаторите на политиките и истражувачите на политиките, модел кој служи како платформа за размена на идеи, податоци и анализи, истакна Османи.
Тој посочи дека учесниците во Експертската мрежа на ОБСЕ ќе се фокусираат на неколку прашања коишто влијаат на безбедноста, како што се сајбер заканите и нападите и зајакнување на подготвеноста за соодветен одговор.
-Тоа подразбира зајакнување на инфраструктурата, комуникациските мрежи и механизмите за одговор на различни форми на закани, без разлика дали тие произлегуваат од природни катастрофи, сајбер напади или хибридна војна, рече Османи.
Но, тоа, како што рече тој, ОБСЕ не може да го направи самостојно и затоа во голема мера соработува и се потпира на искуството и на експертизата на тенк-тенковите кои придонесуваат за подобрување на политиките кои се носат и градење на капацитетите на институциите.
-Тинк-тенковите служат како независни чувари, нудејќи проценки за ефективноста и влијанието на политиките и иницијативите на ОБСЕ. ОБСЕ е отворена и транспарентна организација, го цени секое мислење и ги слуша сите засегнати страни. Соработката помеѓу тинк-тенковите и ОБСЕ преку оваа експертска мрежа, како и на конкретни истражувачки проекти или иницијативи ќе биде доказ за односот меѓу двете. Ова партнерство ќе го подобри квалитетот и длабочината на анализите презентирани на земјите-учеснички и различните тела, ќе ги подобри политиките и ќе ги зголеми нивоата на истражување, а во крајна линија ќе го подобри и животот на луѓето, истакна Османи.
Следејќи го основното мото на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ „За луѓето се работи“, Османи во рамки на Претседањето со ОБСЕ именуваше специјален претставник за невладини организации на Претседавачот на ОБСЕ, Андреја Стојковски.
На дводневниот состанок на Експертската мрежа на ОБСЕ ќе присуствуваат голем број на претставници на организации партнери на ОБСЕ како и на тинк-тенкови.
Ново на Сител
-
Почувствуван земјотрес во Валандово
-
Европол разби меѓународна балканска мрежа за шверц на кокаин
-
Процедурата е во тек, го чекаме исходот во секој момент, вели Филков за екстрадицијата на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ
-
Фјури за борбата со Усик: Ова е најдобриот противник со кој сум се борел
-
Министерот Таравари е во добра состојба по вчерашниот колапс
-
Подигнати 60 метри кубни од диви депонии во општини Кисела Вода, Центар, Ѓорче Петров и Чаир
-
Вучевиќ: Крајната цел на опозицијата е со револуција да дојде на власт
-
Чаби Алонсо: Сега имаме 10 бода, три натпревари пред нас и се е во рацете на Баер