Османи: ДУИ е апсолутен победник на локалните избори меѓу албанските партии

Коалициите се прават врз основа на комплементарноста на идеите, а не на договори за контингенти гласови. Коалицијата на ДУИ и СДСМ во Чаир и Скопје се темели врз основа на заеднички програмски заложби и беше јавна, а од друга страна имаме тајни коалиции и контингенти на гласови кои се даваат меѓу партиите што идеолошки не се поврзуваат, изјави шефот на Општинскиот изборен штаб во Чаир на ДУИ Бујар Османи.
- ДУИ е апсолутен победник на овие избори меѓу албанските партии и се покажа како автентичен заштитник на Албанците. ДУИ е прва победничка партија во Чаир за советници, таму каде нема коалиции. Ја примивме пораката на претходните избори и понудивме нов лик. На Чаир не му треба кандидат што ќе биде од другата страна на Владата. Секој вид на договор на тргување на гласовите како контингенти се неприфатливи за гласачите и тоа ќе го покажат на 29 октомври, изјави Османи.
Запрашан за коментар за најавите за коалиција меѓу Села и Касами, во ситуација кога Села е владин партнер, Османи одговори дека се работи за коалиција меѓу опозициски партнери и дека има шпекулации за коалицирање и со македонски партии, за сето тоа ќе биде решено заеднички со коалициските партнери кои треба да седнат и да се договорат.
Ново на Сител
-

Нов напад на американскo израелските сили, погодена болница во Техеран
-

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

Иран вели дека три танкери за нафта биле погодени од ракети
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
-

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили
-

Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран
