Османи до Кулеба: ОБСЕ може да направи многу за време на војна, но уште повеќе за време на мир што е наш клучен приоритет во Украина

Украина и заштитата на украинскиот народ како приоритет на ОБСЕ, конкретните активности кои ОБСЕ Програмата за поддршка на Украина ги презема на терен, состојбата на тројцата припадници на ОБСЕ кои се во затвор во Доњецк и во Луганск, биле дел од темите на кои се разговарало на средбата на претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба.

Османи и Кулеба, соопштија од МНР, на средбата во Киев разговарале и за што може ОБСЕ дополнително да направи за поддршка на земјата која се соочува со руската воена агресија.
- Во јануари, за време на мојата прва посета на Украина како Претседавач со ОБСЕ, реков дека вашата храброст и пожртвуваност ја заслужуваат нашата најголема почит. Инспириран од вашата издржливост, денес сум уверен дека ќе победите. Украина ќе победи, изјавил на заедничката прес-конференција Османи, по средбата, соопштија од МНР.
Османи додал дека Програмата за поддршка на Украина, финансирана од донатори, а која се спроведува од ноември 2022 година, ќе продолжи да и помага на Украина, преку имплементација на проекти приспособени на нејзините специфични потреби.

- Овие проекти ќе помогнат да се решат последиците од војната и исто така да ги поддржат долгорочните реформски напори на Украина и потребите на нејзините граѓани. Често кажувам, ОБСЕ може да направи многу за време на војна, но уште повеќе за време на мир што е наш клучен приоритет во Украина, рекол Османи.
Тој потенцирал дека и покрај предизвиците со кои се соочува Организацијата, нарушувањето на нејзините основни принципи предизвикани од воената агресија на Руската Федерација, ОБСЕ е отпорна и ќе продолжи да се придржува до основните вредности со поддршка од останатите земји-учеснички.

- Како Претседавач со ОБСЕ, продолжив да ја повикувам Русија да ја прекине оваа војна, да ги повлече своите трупи од Украина, повторно да се посвети на принципите и вредностите на ОБСЕ. Продолжувањето на оваа војна не само што ги уништува животите, домовите и надежите на луѓето од Украина, туку создава и состојба на нестабилност и неизвесност низ поширокиот регион на ОБСЕ, потенцирал Османи.
Украина останува централен приоритет за претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, истакнал Османи, а состојбата во Украина, како што стои во соопштението од МНР, ќе биде и една од главните теми на Министерскиот совет на ОБСЕ што ќе се одржува во декември во Скопје.
Ново на Сител
-

Мицкоски: И утре да ги внесеме Бугарите во Устав, прашање е само дали за 3, 6 или за 9 месеци ќе имаме нов услов
-

Германија вети уште 100 милиони евра помош за украинскиот енергетски сектор
-

Намалена видливост поради магла до 50 метри на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и во Крушево
-

Две лица пренесени во болница по сообраќајка кај скопската обиколница
-

Мицкоски: Годинава првпат петтоцифрена бројка на номинален БДП по глава на жител од 10 500 долари
-

Апел за донации: Потребна е помош за лекувањето на малата Милена
-

Еден загинат при уривање на дел од магацин во пристаништето во Антверпен
-

Приоритетни области за инвестиции во здравството презентирани на средба на Алиу со претставници на Светска банка
