„Ослободување на Скопје“ прикажан на Сараевскиот филмски фестивал
Филмот „Ослободување на Скопје" во режија на Раде и Данило Шербеџија беше прикажан во рамките на „Авант Премиере Програмата" на 22. Сараевскиот Филмски Фестивал што ќе се одржи од 12 до 20 август во Сараево.
На Гала премиерата на филмот присуствуваше и дел од артистичката екипа предводена од Раде Шербеџија кој ја толкува една од главните улоги и 11-годишниот Давид Тодосовски.
Инаку, "Авант Премиере Програмата", годинава ќе понуди премири на четири филма од автори од регионот. Покрај „Ослободувањето на Скопје“ ќе бидат прикажани и „Дневникот на машиновозачот“ од Милош Радовиќ (Хрватска, Србија), ЗГ80 на Игор Шереги (Хрватска) и „Новини“ на Далибор Матаниќ (Хрватска). Авант Премиер програмата е водеведена во 2014 година како дел од индустрискиот сегмент на Сараевскиот фестивал и има за цел да ја олесни регионалната промоција, дистрибуција во земјите од нашето лингвистичко подрачје.
Главните улоги во „Ослободување на Скопје“ ги толкуват: Давид Тодосовски, Раде Шербеџија; Силвија Стојановска, Луција Шербеџија; Петар Мирчевски и Небојша Глоговац. Директор на фотографија е Дејан Димески, сценограф Иван Бартлинг, костимограф Жаклина Крстевска, дизајнер на маска Ана Булајиќ Црчек. Филмот го продуцираа Роберт Насков, Горјан Тозија, Игор А. Нола и Владимир Анастасов.
Филмот е македонско-хрватско-финска копродукција и зад него стојат продуцентските ќуќи соодветно Партизанс, Лијени Филм и Арт филмс. Финансиран е од Агенцијата за филма на Македонија, Хрватскиот визуелен центар, Финскиот филмски фонд и Финската Телевизија.
Македонската премиера на филмот ќе се оддржи на отварањето на овогодишниот фестивал „Браќа Манаки".
Ново на Сител
-
Кривична за поранешни управители на „Еуроникел Индустри“ Кавадарци, предизвикале вкупна штета од 1.669.019.482 денари
-
Приведени двајца крадци од гостиварско
-
Зеленски изрази незадоволство од светските лидери
-
Работник од Делчево почина по пад во фабрика
-
Бoрис Џoнсoн: Кирк бeшe убиeн зaтоa штo го зборуваше она што некогаш беше здрав разум
-
Роналдо ја доби наградата „Најдобар играч на сите времиња“
-
Дождот нема да го запре чадењето од Дрисла, пожарот ќе се затрупува со земја
-
САД ја одбележуваат 24-годишнината од нападите на 11 септември со церемонии и оддавање почит